Како најлесно се паркира Porsche хоризонтално (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Жител на англискиот град Колчестер, кој има 73 години предизвика големо внимание поради начинот на којшто го паркираше своето Porsche 911 Targa 4S. Движејќи се со брзина која не одговарала на патот тој ја загубил контролата и се удрил во бетонската ограда која што ја има уништено. Притоа паднал во канал, а притоа возилото се нашло во вертикална позиција.

Добрата вест во оваа ситуација е што нема повредени, а нема официјална информација за причината поради која дошло до оваа сообраќајка.

Според очевидци пензионерот ги има побркано педалите за гас и кочница. Сепак, пензионерот ќе мора на тест за шоферска способност (Fitness to drive), која вклучува и психолошка и физичка оценка.

Основната цена на Porsche 911 Targa 4S во Велика Британије е 116.316 евра, а моделот е опремен со 3,0 литарски боксер со два турбокомпресори со моќност од 420 коњски сили и максимален вртежен момент од 550 Нм. Забрзувањето од 0 до 100 за 4.2 секунди, а максималната брзина е 303 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK