Како најдобро се чисти моторот на автомобилот?

ОБЈАВЕНО НА:

Ова прашање е доста интересно, а на него одговор даваат експерти од Финска, кои тврдат дека за таа цел најдобро е да се користи… лекарство од аптека. Станува збор за препарат наречек Димексид. Тоа е лекарство, синтетизирано од страна на рускиот хемичар Александар Зајцев во далечната 1866 година. Лекарството се користи при заболувања на мускулно-скелетниот систем. Едно шише по нарачка чини од 7,5 до 10 евра.

Колку и да звучи чудно лектор Димексид е навистина моќен инструмент за чистење на моторот од загадување. Тоа го тврдат фински експерти за автомобили од организацијата Аutоliittо. Тие предупредуваат дека лекот Димексид може да биде и опасен, како за моторот така и за човекот кој ја извршува процедурата. Тој лесно ја симнува бојата така што не може да се користи во автомобили со обоен картер. Финците тврдат, дека овој препарат ќе ви дозволи да го исчистите моторот до сјај на огледало, како што не можете со друг препарат. После ова останува да додадете масло и да се насладите на значително потивкиот звук на моторот на вашиот автомобил.

За оваа процедура ќе ви требаат: 100 мл концентрат, моторно масло, како и два филтери. Во загреаниот мотор истурете го лекарството и оставете го автомобилот да работи на празно 20 минути. После тоа ќе се истури смрдливиот мирис од старото масло и препаратрите и се долева евтино моторно масло. Моторот се стартува и се остава да работи на празно околу пола час. После тоа истурете го тоа масло и дури тогаш сипете нова течност за подмачкување, а секој пат ќе треба да го смените и филтерот за масло. Имајте предвид дека кога го истурате е подобро да носите гас маска бидејќи миризбата е ужасна.

Ако овој коктел падне на вашата кожа подобро е веднаш да консултирате лекар така што заштитете го вашето тело со гумени ракавици и комбинезон. Главното важно нешто е да не се преекспонира отровот во моторот бидејќи тандемот Димексид и моторно масло може да го разјаде

Ако ги почитувате инструкциите тогаш добивате мотор кој работи многу потивко и значително полесно. А коњските сили и предниот погон ќе се „вратат“. Високо замастените мотори треба да бидат подложени на процедурата два или три пати, после што се расклопува капакот и треба саѓите да се отстранат со рака со некаква крпа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK