Како најбрзо и најдобро да продадете користен автомобил?

ОБЈАВЕНО НА:

Голем број на луѓе денес емотивно се врзуваат за својот автомобил, па кога ќе дојде до одлука да се продаде или мораат да го направат тоа тешко се одвојуваат од него. Ако цврсто сте одлучиле да го продадете својо миленик тогаш тоа треба да се направи како што треба.

Пред сè треба автомобилот добро да го измиете и да го исчистите бидејќи така ќе ги воочите и ситниците кои треба да се поправат или да бидат заменети, а тие би можеле доста да ја кренат цената на вашето возило. Покрај тоа ќе оставите добар впечаток кај потенцијалните купувачи. Тоа се можеби ситни, но видливи оштетувања како на пример напукнување на фаровите, гребнатинки на лакот, оштетувања на браникот и друго. Секако тие поправки би требало на крајот да ви се исплатат.

Задолжително погледнете под капакот на моторот и проверете дали сите витални делови се исправни и се на место. Очистете го моторот, но притоа не бидете премногу педантни бидејќи тоа може да предизвика сомнеж кај купувачот. Ви препорачуваме да направите мал сервис.

Одредувањето на цената е клучниот фактор бидејќи со превисока цена на стартот ги губите шансите за брза и ефикасна продажба. На огласите проучете како се движат цените на сличните автомобили на вашиот, па за почеток пресметајте некој просек и својот автомобил означете го со малку повисока цена. Тоа ќе ви даде простор за ценкање.

Кога ќе го направите тоа ставете го својот оглас. При изработка на огласот изнесете кратки и јасни информации за автомобилот којшто го продавате. Внимавајте фотографиите да бидат со иста позадина, но и интересни и пријатни за око. Овозможете пробно возење, а ви препорачуваме и посета на некои од плацевите за продажба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK