Русин кој живее во Германија направи обид да помине технички преглед Лада-2101 со поминати 12.600 километри. Иако биле воодушевени од состојбата на возилото, експертите на TUV не му го издале неопходниот сертификат.
Механичарите во сервис центарот на германската асоцијација за технички надзор каде возилото претпело целосна дијагноза останале изненадени колку била зачувана.
Немале никакви забелеши кон механиката, кочниците и каросеријата, но немало како да поминат на вродениот конструктивен недостаток на моделот.
ВАЗ-2101 не располага со светла за итни случаи, кои се задолжителни според германскиот закон. Овој пропуст лесно бил отстранет и Русинот најверојатно веќе го вози автомобилот по германските патишта со комплетни документи.