Требаше да биде викенд исполнет со адреналин, тркање, престигнување и многу брзина. Наместо тоа, третата кружна трка сезонава во првенството на Македонија почна со едноминутно молчење и со силно „турирање“.
Во чест на колегата, возач, Александар Кочевски (58) кој во квалификациите во саботата на патеката во Кичево додека се тркаше доживеа срцев удар, а неговите колеги достоинствено го испратија во вечното живеалиште.
Планираниот Renault Twingo Cup не се возеше, бидејќи Кочевски токму таму требаше да се натпреварува. На стартот сите возачи не само што покажаа почит со едноминутно молчење, туку го испратија својот колега си препознатливо „турирање“ на возилата.
Сепак се одржаа трките во другите дивизии. Ристо Вуков победи во Дивизија 1, завршувајќи ја трката пред Михајло Лазаревски и Димитриј Кимовски.
Во Дивизија 2, Орхан Амет беше побрз од Џуклевски и Трајановски во категоријата Е1600, додека Димитриј Кимовски беше побрз од Јорданов и Блажевски во категоријата N2000. Во категориите Е1 и N1400, единствени претставници беа Екрем Мемиши и Михаил Делев.