Како ќе изгледа VW Tiguan за 2021 година?

ОБЈАВЕНО НА:

Втората генерација на најпродаваниот СУВ на Volkswagen е претставена во 2016 година што значи дека наскоро треба да се очекува освежена верзија на овој модел.

Рестилизирањето на Tiguan е близу, а за ова сведочи и дизајнерскиот цртеж кој германската компанија го објави за да го разбуди фантазирањето на вљубениците во автомобилите на Volkswagen. На скицата се гледа предниот дел од возилата, кој ќе го разубавува преобликуваната маска на ладилникот и редизајнираниот браник, како и целосно новите LED светлосни групи.

Volkswagen би требало да ја унапреди и внатрешноста на Tiguan, вклучувајќи го и новиот мултимедиски систем, чиј софтвер ќе може да се апдејтира преку интернет. Покрај новите бои, германскиот производител секако ќе понуди и нов дизајн на навлаки во внатрешноста.

Моторизацијата ќе опфати и plug-in хибридна верзија, која би можела да понесе ознака Tiguan GTE, слично како и Golf GTE. Доколку го преземе погонскиот систем од овој автомобил тогаш Tiguan GTE ќе има 1.4-литарски TSI во комбинација со електромотор, а ќе располага и со вкупно 245 коњски сили (180 kW) и 400 Nm. Повеќе детали се очекуваат следните месеци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK