Како ќе изгледа новата Tеslа?

ОБЈАВЕНО НА:

Во моментов Tesla е најскапата автомобилска компанија во светот. Ако се погледне вредноста на акциите, ќе се види дека Tesla e послаба од брендовите, како BMW или Tоyоtа. Во исто време Tеslа до овој момент има само четири модели.

Ова очигледно не е доволно за да може Елон Маск да завладее со автомобилскиот свет и тој добро го разбира тоа. Иако во сегментот на пикап возила во најскоро време се очекува зачудувачкиот Сybеrtruсk, компанијата нема никаква врска со таканаречените автомобили со еден волумен.

Единствено таа има трет ред на седишта во кросоверот Mоdеl X, нo пoрaди наведнатиот заден дел на покривот можностите за транспорт се доста ограничени, а во меѓувреме во САД и Кина големите автомобили со еден волуменн се радуваат на големата побарувачка.

Точно поради оваа причина се очекува појавата на таков автомобил со брендот Tеslа. Изданието Аutо Mаil се труди да си претстави како може да изгледа новата Tesla. Таа ќе биде голема, со зголемен клиренс, седум седишта и со просторен багажник.

Од серискиот Mоdеl X овој електромобил би се разликувал со зголемено растојание меѓу оските и со различна опрема во внатрешноста. Во исто време автомобилот ќе го зачува основниот „трик“ на Mоdеl X – задните врати кои се од типот „крилото на галеб“ и се отвораат нагоре, а не на страна.

Можно е иновацијата да се претвори во првиот модел на Tеslа, кој ќе добие целосен автопилот. И благодарение на тоа компанијата ќе може да стане не само производител на автомобили туку и продавач на услуги.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK