Како изгледала Ф1 низ улиците на Монте Карло во 1962 година (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Документарен филм изработен во Германија им овозможи на фановите во Формула 1 да погледнат кадри од нивниот омилен спорт и тоа од 1962 година. Снимките се од една од најпопуларните  трки во календарот, ГН на Монако, а ова е снимка во боја и со звук, кои се многу близу до денешните стандарди.

Видеото покажува уште неколку интересни работи. Како се пилотира со болиди со апсурдно тесни тркачки гуми, но може да се види и колку денес е изменето Монте Карло после повеќе од пола век. Секако може да се види и дека безбедноста на пилотите не била приоритет во Формула 1.

Филмот е со наслов „Средоземноморски одмор“ (оригиналното име му е The Flying Clipper) и не враќа до 3 јуни во 1962 година кога на улиците во Монте Карло победата ја освојува Брус Мекларен со Cooper-Climax, а е следен од двата пилоти на Ferrari, Фил Хил и Лоренцо Ландини.

Обратете внимание на звукот на моторите на болидите. Во тоа време тие се 1,5-литарски, но во различни варијанти. Едната е 4-цилиндрични боксери, додека другата е со V-образни мотори со 6 и 8 цилиндри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK