Иако Хонг Конг не е Дубаи, каде што старите суперавтомобили се среќаваат по патиштата, но и надвор од нив, и таму нема недостаток од интересни автомобили.
Тоа и личи на отпадите каде што завршува патот на некогашните омилени „играчки“. Даноците во Хонг Конг се исклучително високи, а казните за непоминат технички преглед навистина сурови.
Затоа многу локалци претпочитаат старите автомобили место да ги задржат да ги упатат во отпад.
Порталот Jаlоpnik објави интересно видео од неколку отпади во Хонг Конг, кои даваат добра претстава за тамошната автомобилска култура.
Како што може да се види, таа е поврзана најмногу со Јапонија иако не недостигаат и егзотични модели и од другите земји.