Голем број на возила од марките Ford, Hyundai, Skoda… коишто имале некаква незгода на патиштата и повеќе не биле во можност да бидат користени на патиштата или имале некаков дефект кој бил прескап за поправка се наоѓаат област на истокот на Москва. Тоа место се нарекува гробишта за такси возилата, а како што може да се види сè е обоено во жолто.
Најголемата такси компанија во Русија се вика Yandex Taxi, а работи по системот онлајн такси букинг, но освен тоа што е доминантна компанија во оваа земја таа функционира и во повеќе земји од поранешниот Советски сојуз.
Под оваа компанија функционираат околу 200 различни руски такси здруженија со околу 20.000 такси возила. Инаку, штом постои така голем број на возила, сосема јасно е дека мора да постои и место за разход на тие возила. Едно такво е снимено и со дрон каде што завршуваат веќе непотребните такси возила во Русија.