петок, 25 август, 2025 година

Како изгледа внатрешноста на Skoda Scala

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Откако во октомври годинава чешкиот производител објави дека Scala ќе биде наследникот на Rapid, а на саемот во Париз го објави серискиот модел, сега лансираше официјална фотографија од внатрешноста на моделот.

Од фотографијата може да се забележи дека внатрешноста е во рамките на дизајнерската филозофија применета кај останатите модели на Skoda односно Volkswagen Групацијата. Доминира големиот екран на допир кој е централно поставен кој овозможува целосна контрола врз можностите на автомобилот.

- Advertisement -

Новата Scala  се темели на продолжената MQB A0 платформа, истата онаа платформа на кој ќе се темели и идниот кросовер Vision X. Должината на продукциската изведба се очекува да изнесува 4.356 мм, висината 1.431 мм, додека ширината 1.810 мм. Со меѓуоскино растојание од 2.650 мм, во поглед на пространоста таа е на ниво како и кај останатите конкуренти, а со багажен простор од 430 литри обезбедува за 15 литри повеќе отколку кај Rapid Spaceback.

Почетокот на продажбат се очекува да стартува следната година, а веќе на 2019 се очекуваат да бидат пласирани повеќе информации за овој модел.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја