Како изгледа тест судир на Putinmobil (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Рускиот производител на луксузни автомобили Aurus, најпознат по производството на лимузини за претседателот Владимир Путин, објави видео кое меѓу другото содржи и снимка на тестот за безбедност на овој луксузен автомобил.

Видеото кое го објави ТВ Звезда, открива некои детали за тестирањето на моделот Aurus Senat, a камерaта не води и во фабрика во која се прави овој автомобил.

Во еден сегмент на видеа прикажан е тест судир на оваа луксузна лимузина при брзина од 64 км/ч.

Ова возило со должина од 5,6 метри има хибриден погон благодарение на кој од 0 до 100 км/ч се стига за шест секунди, а почетната цена е 254.000 долари.

Aurus Senat на почетокот на годината беше тестиран во услови на екстремен студ, во Сибир. Автомобилот се покажа прилично издржлив и на температури од минус 50 степени.

Луксузниот автомобил од линијата Аurus првично беше наменет само за највисоките руски претставници, а дебито го имаше во текот на инаугурацијата на Владимир Путин во 2017 година.

Оттогаш производителот одлучи да направи поширока палета на возила кои ќе бидат понудени на пазарот. Сериското производство би требало да почне во 2021 година, но неколку возила ќе бидат симнати од производствената линија во ноември годинава.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK