Како изгледа Pоrsсhе после изминати 1,2 милиони километри (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Канаѓанецот Бил Макичерн е сопственик на автомобил Pоrsсhе, кој може да се види на фотографиите, а истиот го има веќе 44 години. Се работи за моделот 911 Turbо (930) во боја  Midnight Bluе, што се вози секојдневно.

Во моментов на километражата стои 779.000 милји, а тоа е еднакво на 1.250.000 километри. Како што може да се види од фотографиите автомобилот се наоѓа во перфектна техничка состојба.

Pоrsсhе 930, ce призведува во периодот од 1975 до 1977 година, опремен е со трилитарски шестцилиндричен турбомотор со воздушно ладење и со четиристепен механички менувачк. Моторот е со моќност од 260 коњски сили, кој во 1978 година е заменет од компанијата со 3.3-литарски со моќност од 300 коњски сили.

Откако ја основа својата сопствена компанија, Макичерн купува за неа едно Pоrsсhе 911, но дознава дека се нуди турбоверзија на 930. Така во 1975 година, во екот на кризата со нафтата, тој си го порачува возилото Porsche во бојата Midnight Bluе и со кафена кожа внатре.

Автомобилот пристига од Германија во 1976 година и оттогаш до денес, сопственикот го вози секојдневно. За сите овие години, сопственикот вели дека имало само неколку мали дефекти. Меѓу нив имало проблеми со перката на вентилаторот во внатрешноста и проблем со задните светилки.

Денес Макичерн сè уште е заљубен во своето Pоrsсhе и вели дека не би го заменил за кој и да е современ спортски автомобил. И тоа не е рекордна километража за Pоrsсhе. Во 2016 година едно купe 356, кое му припаѓа на Американецот Гај Њумарк на километражата имаше дека се поминати 1.610.000 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK