Новите фотографии кои се веќе распространети на интернет, донесоа интересен приказ на новата генерација на култниот руски СУВ автомобил Lada 4×4, познат и уште како Niva.
Следната генерација на моделот 4х4 ќе се појави на пазарот во 2020 година, но има некои гласини кои велат дека тоа може да се случи дури во 2021 година.
Од патентните слики е очигледно дека сериската Niva не се разликува од концептот Lada 4×4 Vision.
Возилото е со доста проширени браници, со нова решетка на ладилникот со нова визија во во облик на Х, а од прототипот се земени и задните вратите кои се отвораат обратно во стилот на Toyota FJ Cruiser.
Според неофицијална информација, новата Niva ќе биде изградена на платформата на Renault-Nissan, означена со индекс CMF-B.
Во моментов на неа се прави Renault Clio, а во иднина таа ќе стане основа за новите Nissan Juke и Renault Captur.
Не е исклучено за новата Niva да биде користена и постарата платформа од Dacia Duster.