Кинезите сакаат големи, убаво и луксузни автомобили. Затоа и производителите на ваквите возила ја сакаат Кина. Сега Кинезите решија да покажат нешто „Made in China“ и да ги убедат своите граѓани дека и тие можат да понудат луксуз.
Најстариот произведувач на автомобили од Кина, го откри новиот модел H9. FAW Hongqi H9 е најновиот модел на лукзусни возила на оваа кинеска компанија.
Кога ќе се погледне предниот дел на автомобилот ќе се види хромирана решетка која ја опкружуваат LED диоди додека фаровите се во Матрикс LED стил.
Уште една работа кај овој автомобил се неговите тркала од 20 инчи кои даваат потполно поинаков поглед на овој луксузен кинески автомобил.
Ентериерот е некоја мешавина од кожа, хром и дрва и внатре дури може да се видат два големи дисплеи, како и прекинувач чувствителен на допир, 2.0-четирицилиндричен мотор со компресор со 252 коњски сили или дури 3.0 V6 мотор со 272 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm.
https://youtu.be/vRr5OCycJv8
Она што се смета за мана на овој автомобил е тоа што му треба повеќе време за да стигне до 100 км/ч бидејќи за ова му се потребни нешто помалку од осум секунди.