Како изгледа Lаmbоrghini со поминати 300.000 километри (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Во Лас Вегас Се продава едно доста интересно Lаmbоrghini, а се работи за моделот Hurасаn, кој е произведен во 2015 година. Објавата беше публикувана на еBаy, но интересно е дека возилото има поминато 302.000 километри. За суперавтомобилот се бара сума од 130.000 долари, што и не е така малку.

Продавачите тврдат дека автомобилот е во многу добра состојба и редовно се сервисира. Досега сопственикот го менувал маслото на секои 8.000 километри, а после 117.000 километри е заменет и автоматскиот менувач.

Околу 300.000 километри за период од пет години се исклучително голема километража за суперавтомобил, но во случајот има и објаснување за големата километража. Автомобилот припаѓал на компанија за изнајмување на суперавтомобили и истото возило било изнајмено на дури 1900 различни лица.

Меѓудругото, еден од најмувачите го изгребал браникот, но возилото не претрпело ремонг. Сепак, тоа не е рекордна километража за Lаmbоrghini. Некои суперавтомобили од овој бренд изминале над пола милион километри и сè уште се во добра состојба.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK