Како изгледа купување возило со монети спакувани во 66 кеси (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Пари се пари, без разлика дали се книжни или метални. И со едните и другите можете да купите се. За купување повредни работи најчесто се користи картичка или кредит од банка. Но, што ако имате пари, ама монети? Па и тие вредат, нели..

Бизнисмен од кинескиот град Шанџоу платил за својот нов Volkswagen Passat цена од 190.000 јуани (24.650 евра). Но плаќањето било со 13.000 мали монети, објави “Дејли мејл”. Ситните пари биле „истоварени“ од автомобил со 66 кеси.

Жената објаснила дека е многу полесно за неа да им ги донесе парите на продавачите отколку да ги стават во банка. Таа ги собирала парите 10 години.

https://youtu.be/U7Dkjc6NvMU

Сопственикот на салонот за автомобили вели дека неговиот персонал ги броел монетите три дена. Конечно, нивната вкупна вредност изнесуваше 131.492 јуани (17.072 евра), а остатокот беше платен со картичка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK