M-Sport ги објави фотографиите и деталите за новата Ford Fiesta WRC што ќе се вози во новата сезона во светското рели првенство.
Дизајнирана според најновите WRC технички правила, возилото имаше целосен редизајн за да може да понуди повеќе сила и поголема механичка подршка. Во Ford веруваат дека направиле шампионско возило, звучи извонредно и изгледа сензационално.
Повеќе од 95 отсто е дизајнирано од „нула“ и тимот имал се што му требало за да го направи најдоброто. Не се штедело, и во 2017 година се влегува со единствена цел – враќање на победничкиот подиум.
Возилото е базирано на новиот модел на Fiesta што е веќе промовирано како сериски модел, и школката на спортскиот модел е полн со слобода во создавање на добра аеродинамика, со предни и задни сплитери, странични крила и масивен заден спојлер.
Сегашниот модел е помоќен во однос на стариот Fiesta RS, и возилото сега создава 380 КС и 450 Нм вртежен момент, од 1,6 литарски екобуст моторо со директно вбризгување. Силата се пренесува преку тркалата и преку новиот шестстепен секвенцијален менувач со хидраулична смена, спојка на мулти-диск и активен централен диференцијал.