Како изгледа автомобил после 22 месеци поминати на дното од океан (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси две години беа потребни за да се извлече товарот од бродот YM Efficiency од кој испаднаа 81 контејнер во океанот. Настанот се случи во 2018 година кога од овој товарен брод на 25 километри од градот Њукасл (Австралија) во океанот падна целиот товар.

Во спасувачката операција која ја спроведе AMSA (Australian Maritime Safety Authority) извлечени се и два контејнери во кои се наоѓале два примероци од пикапот Silverado на Chevrolet.

Како што може да се примети од фотографијата, каросериските оштетувања се очигледни. Дел од нив настанале при самиот пад на контејнерите, а значителен дел и од солената вода која ја разјаде бојата, но и внатрешноста која во целост е нефункционална.

Инаку цената на еден од овие примероци изнесува 95 илјади долари и истите биле наменети за купувачи во Австралија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK