Како електричните автомобили влијаат врз човековата психа

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните автомобили полека, но сигурно го заземаат местото на традиционалните, неелектрични автомобили. Тоа е така поради бројните предности што тие ги имаат во однос на традиционалните автомобили. Ниската емисија на штетни честички, ниската потрошувачка односно подобрата економичност се најексплоатираните причини поради се поголемата популаризација на електричните автомобили. Последна во низата е и позитивното влијание што електричните автомобили го имаат врз човековата психа.

Така, најновото истражување споредено од страна на д-р Данкан Влијамс на Јорк Универзитетот во Велика Британија докажува дека во отсуството на зуењето на класичниот автомобил, психата на човекот не се подложува на влијание на зголемена бучава и затоа е во состојба да издржи повисоки оптоварувања.

До заклучоците тимот истражувачи дојде со помош на енцефалографи монтирани врз главите на возачите на лондонските такси. Тие во текот на целиот работен ден биле снимени како и нивните електрични импулси на мозокот. Такси возачите на неколку дена менувале возејќи електрични и дизел автомобили.

На крајот било откирено дкеа возачите на електричните автомобили биле повеќе сконцентирани на движењето, биле порелаксирани и повеќе фокусирани, а помалку уморни и иритирани. Во исто време возачите на дизел такси автомобилите покажале доста лоши резултати. Пулсот на возачите на дизел автомобилите постојано се менувал, додека заморот и чувството на агресивност биле зголемени.

Ова е уште една причина плус доколку планирате да купите нов автомобил тоа да биде електричен.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK