Како другите гледаат на нас: Македонците не може да си дозволат автомобил!?

ОБЈАВЕНО НА:

TripAdvisor.com е интернет страница за патување каде меѓу другото бројни туристи може да постават некои прашања и следствено на тоа да добијат одговор.

Така еден корисник од Белгија заинтересиран за патување во Македонија постави неколку прашања поврзани со Македонија. Крисникот со име expressoo се распрашуваше и за состојбата и безбедноста на патиштата во нашата земја.

На овие прашања експресно беа добиени бројни одговори, меѓутоа најголем интерес предизвика оној на корисникот sq7700 од Стокхолм, Шведска.

Тој наведе дека со рент а кар автомобил му биле потребни 10-тина минути за од центарот на Скопје дојде до автопат. Неговиот заклучок е дека патиштата се безбедни, но и дека нема сообраќај, а тоа според него се должи на “фактот дека многу Mакедонци не може да си дозволат сопствен автомобил”.

Дали се сложувате со овој заклучок на туристот од Шведска? Коментирајте на Фејсбук страната на 24auto.mk.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK