Како дизајнер во Ford замислува електрична трансформација на BMW E9

ОБЈАВЕНО НА:

Дизајнерот Чако Абрахам 45 години подоцна се одлучи да го оживее легендарниот BMW E9 креирајќи рендер на овој модел во футуристичка изведба.

EV9 е називот на овој рендер кој секако, е далеку од реализација, а инспирацијата во многу погледи ја влече од моделот кој се произведуваше во периодот од 1968 до 1975 година.

Така на предниот дел доминираат четирите “очи” како и препознатливите BMW бубрези кои се со идентична големина како и изворниот BMW E9.

Чако Абрахам кој во моментов работи како внатрешен дизајнер во Ford и Lincoln го замислил овој концепт како целосно електрично возило.

Оригиналниот Е9 е опремен се продавал со 2,5 литарски и 3,2 литарски мотор, а голема популарност покрај во Европа забележа и во САД каде се продадени речиси 5 илјади примероци од вкупно 30.546 произведени.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK