Како дел од прославата за 210 годишнината: Peugeot го реставрира 205 GTi (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Во чест на 210 годишнината на Peugeot асоцијацијата Aventure, Peugeot стартува нов потфат, а се работи за реставрирање и продажба на стари автомобили. Возилата ќе бидат реставрирани во работилниците на Musée de l’Aventure Peugeot – Музеј на Peugeot во Сошо и ќе добијат сертификат за автентичност пред да бидат пуштени во продажба.

Првиот автомобил кој е избран за реставрирање е амблемскиот за брендот на лавот – црн Peugeot 205 GTi со 1.9-литарски мотор. Реставрирането ќе се изврши во работилниците на Aventure Peugeot во Сошо и ќе го докаже талентот и експертското искуство на службениците, специјализирани во различни области неопходни за квалитетно обновување: специјалисти за механика, форма, кожа и лим.

Овој нов потфат е можен благодарение на снабдувачите со резервни делови. Aventure Peugeot во таа област од седум години го трансформира својот магацин за логистика за да ги собере своите залихи. Здружението ќе се потпре на своите традиционални подизведувачи за снабдување на делови што недостигаат, а дополнителното 3D печатење е секогаш опција, ако делов веќе не може да биде произведен.

Peugeot 205 GTi

Во чест на 210 годишнината на Peugeot асоцијацијата Aventure, Peugeot стартува нов потфат, а се работи за реставрирање и продажба на стари автомобили. Возилата ќе бидат реставрирани во работилниците на Musée de l’Aventure Peugeot - Музеј на Peugeot во Сошо и ќе добијат сертификат за автентичност пред да бидат пуштени во продажба. 

Од 2021 година во платформата на асоцијацијата – www.laventurepeugeotcitroends.fr, ќе има посебен простор, кој ќе биде посветен на квалитетно реставрираните автомобили, кои имаат ознака „Par l’Aventure PEUGEOT“. Приватните автомобили исто така же можат да бидат присутни таму откако ќе добија ознака за квалитет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK