Во текот на летото некогаш е тешко да се најде паркинг место кое ќе биде под сенка и мора да се паркира на отворено, а тоа придонесува за зголемена температура и во самото возило.
Оттаму е важно да се знаат неколку совети кои ќе ви помогнат да спречите вашиот автомобил во неколку часа да стане како „микро“.
Пред сè е важно да побарате место кое е затксриено од сонце. Важно е да се најде место кое е затскриено од густите стебла низ кои тешко пробиваат сончевите зраци. Притоа е ваќно да се заштити возилото од смола, но ако не можете да најдете таква врста на засолниште тогаш еве неколку едноставни решенија.
Прозорците прекријте ги со сребрена фолија
Сребрената боја не одговара за сонцето односно најмалку од сите ги привлекува сончевите зраци, па после некое време поминато на сонце во вашиот автомобил би требало да биде многу попријатно отколку да немало заштита.
Оставете ги отворени сите прозорци
За да биде безбедни од крадење сите прозорци оставете ги отворени само толку да може низ нив да струи воздухот. Така ќе обезбедите проток на воздухот низ возилото. Струењето на воздухот создава чувство на ладе простор, па кога после некое време ќе ја отворите вратата на автомобилот нема да ве дочека температура „плус сто“.
Покријте го возилото со прекривка
Ставањето сребрена фолија на автомобилот во голема мерка нема да придонесе за „ладна“ внатрешност. Освен што ќе спречи директен пробив на сонцето низ стаклата, нема да придонесе за спречување на загревањето на целата каросерија.
Чадор за автомобил
Револуционерната технологија беше претставена неодамна на пазарот. Се става на кровот на автомобилот, притоа по должина на целото возило се поставува чарот кој придонесува за ладење на автомобилот каде и да се наоѓа.
Ако сте биле приморани да го оставите возилото на сонце, а прозорците во никој случај не сте смееле да ги оставите отворени, постои начин брзо и едноставно да оладите.
Важно е врелиот воздух да го исфрлите што побрзо може од автомобилот, а тоа ќе го направите отворајќи го прозорот на совозачкото место, а со вратата од возачката страна брзо ќе турката напред-назад. Тоа ќе овозможи создавање на простор на низок воздух и брзо излагање на воздухот кој бил во автомобилот.