Влажното време редовно води и до зголемeна влажност во автомобилот. Мокрите држачи, влажниот тапацир и влагата на алиштата водат до замаглување на стаклата. Системите за греење на вентилацијата на автомобилите кај постарите возила не секогаш се справуваат со замаглените стакла. Затоа е добро да се знаат неколку работи и да се дојде до одговор на прашањето: Што друго можеме да направиме?
Кај постарите возила прозорците често се замаглуваат. Причини за тоа може да има многу. На пример, антифриз кој капе во купето од грејачот на парното. Или гумата на шофершајбната веќе не е на истото ниво и поради тоа водата се кондензира на студените стакла и после тоа се претвора на некој начин во слана при ниски температури. Такви случаи има многу со старите автомобили, кои имаат веќе 15 или повеќе години. Сепак, и кај новите автомобили некогаш знаат да се случат слични проблеми.
Замислете ситуација, при која петмина седат во внатрешноста со мокри алишта од дождот или од снегот. Високата влажност во контакт со ниските температури со сигурност ќе предизвика капки на студените стакла. Како резултат видливоста од возачкото седиште се намалува значително и треба да го вклучите парното и климата во исто време за да го исушите воздухот. Климата перфектно се справува со замаглувањето на стаклата и секогаш треба да се користи, дури и во зима. Сите превозни средства немаат клима. Што треба да направите доколку вашето возило е без клима?
Најсигурниот начин за отстранување на влагата од воздухот од затворен простор е силика гел. Мали кесички се стават во ормани, во куфери со облека, во картонски кутии или во сандачиња. Одговараат и за во автомобили. Кесичките со силика гел можат да бидат ставени во џебовите на вратата, на задните седишта или едноставно на подот. Силика гелот ја апсорбира влагата и замагленоста ќе исчезне. И покрај тоа, не секогаш е лесно да се снабдите со таков гел. Силика гелот се продава во онлајн продавници и е многу тешко да се најде во супер маркети.
Ако не можете да најдете таков препарат, има и друг начин. Таканаречената мачешка тоалетна или подобро нејзиниот пополнувач, продаван во секоја продавница за домашни миленици, перфектно апсорбира вода. Тоалетната, треба да содржи гранули, а не да се основа на дрвени струготини. Полнењето треба да се шири меѓу држачите и тогаш грнулите почнуваат да апсорбираат и стаклата ќе запрат да се замаглуваат. За полесна употреба може да се користат и стари чорапи или друга воздухопроводна материја. Гранулите се сипуваат внатре и се оставаат во внатрешноста од автомобилот.