Како да реагирате ако ви се прегрее моторот на автомобилот?

ОБЈАВЕНО НА:

Секој совет за брзо поправање на одреден дефект на моторот на вашиот автомобил е драгоцен бидејќи така можете да реагирате дури и на отворен пат каде што немате можност за помош. Оттаму е добро да знаете како да интервенирате доколку ви прегрее моторот на вашиот автомобил.

Како најчеста причина за прегревање на моторот се јавува пукање на ременот на вентилаторот или, пак, течење од цревото за вода за ладење.

Оттаму е добро секогаш во автомобилот да имате резервен вентилатор и лента со која ќе можете да го поправите гуменото црево. Доколку, пак, случајот е итен тогаш привремениот ремен на вентилаторот можете да го импровизирате со помош на доволно долго јаже или со помош на најлонски чорапи.

Причини за прегрејување на моторот можат да бидат и доколку горното црево на ладилникот е ладно, долното топло, а притоа термостатот е заглавен во затворена положба.

Доколку ременот паѓа тогаш подесете ја затегнатоста на ременот така што ременот на најдолгиот дел би имал отклонување од 6 до 13 милиметри при умерено притискање со палецот. Од друга страна, доколку ременот е опуштен и подесен до крајни граници тогаш е најдобро да го замените со нов.

За да ставите нов ремен потребно е да го отпуштите главната навртка и да ја подесите, а потоа да го турнете генераторот кон моторот додека оди и да го симнете ременот. Не се обидување да наместите ремен со помош на штрафцигер бидејќи така може да дојде до оштетување. Затоа треба да се намести ременот според веќе даденото упатство и после 150 километри треба одново да се провери неговата затегнатост.

Доколку, пак, се појавило истекнување на крајот од цревото и тоа на местото каде што се спојува со моторот или со ладилникот тогаш запрете го со затегање на цревото. За да го поправите пукнатото црево исчистете го делот околу напукнатото место и замотајте го со лента за крпење. Доколку, пак, немате вистинска лента тогаш во случај на потреба привремено можете да употребите и самолеплива лента или изолациска лента.

Секое привремено поправање мора што побрзо трајно да се поправи, па затоа веднаш однесете го автомобилот во најблискиот сервис. Доколку имате загубено многу вода тогаш наполнете го ладилникот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK