Уште од пред некоја година Google преку својот сервис Maps нуди можност за проверка на гужвата во одредени периоди од денот на одредени сообраќајници. Ова е овозможено од податоците кои се прибираат од телефоните на возачите и патниците во возилата, а преку нивниот Google акаунт.
Сепак еден Германец дојде до идеја да си поигра со Google и да испорача невистинити податоци за фреквенцијата односно гужвата.
Германецот Симон Векерт кој сигурно не е посакуван од страна на Google, со помош на количка и повеќе мобилни уреди конектирани на интернет успеа да го “хакне” Google, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете на видеото во продолжение.