Дали сте забележале дека после завршувањето на зимата бришачите на вашиот автомобил почнуваат да не ја вршат задачата како порано односно не ги бришат стаклата како пред зимата? Ако не планирате да купувате нови, има неколку начини со кои може да им го продолжите животот.
За почеток треба многу добро да ја исчистите шофершајбната со алкохол бидејќи во текот на зимата на него има голема количина на кал, прав, хемија… После тоа е добро да ги расклопите бришачите и да се исчисти пружината која служи за притисок на стаклото.
Нечистотијата таму е причина за недоволен притисок. Што се однесува до самите гумени делови, кои го вршат чистењето, тоа треба да се измие со чиста вода, во која е растоверена мала количина на алкохол. Ако користите посилни производи, најверојатно ќе го симнете графитниот слој на гумата, а тоа не е добро.
И последно, за да ја ресетирате еластичноста на гумените елементи е добро да се третираат со тенок слој на силикон. Не бидете дарежливи со нанесувањето бидејќи вишокот ќе остане на стаклото. Исто така не бришете ги бришачите со груба крпа. Ова исто така ќе го отстрани графитниот слој од гумата.