Како да ги скриете парите и накитот во автомобилот?

ОБЈАВЕНО НА:

Крадците ретко разбиваат автомобили во кои нема вредни предмети. Понекогаш сопственикот може да најде скршено стакло на своето возило поради мала сума на пари оставена покрај менувачот или некакви вредни работи во касетата.

Инвентивните возачи, сепак, смислија итар трик, каде што во случај на потреба може да се чуваат пари или накит без грижа дали некој очаен наркоман нема да го скрши прозорецот за сто денари. А не ретко од невнимание оставаме вредни предмети во внатрешноста кои потоа се сериозен предизвик.

За изработка на скривницата се неопходни само тркалезна кутија од гуми за џвакање или бонбони со соодветен дијаметар и парче ткаенина кое одговара на ентериерот. Ткаенината е заглавена на кутијата и капаот е поставен на дното на држачот за чаши. Се создава слика дека тука нема ништо вредно.

Ако пак имате две места за чаши, тогаш би требало да направите два скриени бункери за да не се разликуваат. Сепак најбезбедно е доколку не оставате вредни предмети во возилото, особено не на видно место. Така никој нема да дојде во искушение да го скрши прозорецот или да ја обие бравата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK