Како бојата влијае на продажбата на автомобилот?

ОБЈАВЕНО НА:

Бојата ретко се смета за рационален аргумент при изборот на автомобил, а тоа не значи дека желбите на купувачите не влијаат на побаруачката и понудаа, а со тоа и на цените. Експертите на рускиот портал за трговија со користени возила CarPrice ги анализираа податоците од продажбата на најпопуларните тригодишни автомобили во изминатата година и утвтрдија некои интересни зависности.

Во текот на истражувањето моделите се разделени на четири ценовни сегменти. Предвид се земани само податоците од реалните трансакции односно за продадени автомобили, а не едноставно за објавени цени.

Во најпопуларниот сегмент до 6500 евра во кој се наоѓаат најевтините модели не постари од три години, не се пронајдени сериозни отстапувања од просечната цена во зависност од бојата. Единствен исклучок е црвената. Автомобилите во оваа боја се малку поевтини од другите.

Возилата со жолта боја по правило отпаѓаат од статистиката. Купувачите веднаш почнуваат да се сомневаат дека автомобилот бил користен како такси, а тоа означува варварска експлоатација.
Жолтата боја автоматски ја смалува цената со 20 проценти и од CarPrice им препорачуваат на купувачите на нови возила да го избегнат бидејќи продажбата за некое време би била проблематична.

Во сегментот од 6500 до 13.000 евра до голема мера се анализираат истите зависности како кај најевтините. Меѓутоа постои и значајна разлика. Тука црвената боја не намалува туку ја зголемува цената при препродажба и тоа од 5 до 10 проценти. Црвените возила ретко се купуваат за деловни цели, а тоа означува дека се подобро зачувани.

Меѓу користените возила со цена од 13.000 до 20.000 евра црвената боја исто така се стекна со популарност и продавачот може да добие и до 20 проценти повеќе од просекот.

Кај наскапите возила од секундарниот пазар со цена од над 20.000 евра важи поконзервативен „дрескод“ на бои. Лесно се продаваат возила само во овие ти бои: бела, сребрена и црна. Ретки исклучоци се кафените и сините возила. Секое отстапување од оваа палета на бои влијае на цената во негативен правец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK