Како безбедно да запрете ако пукне гума при голема брзина?

ОБЈАВЕНО НА:

Пукањето на гума во движење е доста ретка појава, а поголемиот дел на возачите никогаш не се соочиле со ваков проблем. Сепак, ризикот секогаш постои, а малкумина се оние кои знаат како да реагираат доколку тоа се случи.

Современите гуми го губат притисокот бавно и возачот може да го забележи. Може да види дека нешто не е в ред уште пред да седне во автомобилот. Дури и да нема навика да ги погледне гумите пред да влезе во возилото, самиот однос на автомобилот на патот ги издава проблемите. Почнува да ја губи стабилноста и завлекува во насока на страната од која е пукнатата гума.

Времето најчесто е доволно за да се одбере место за безбедно запирање и замена. Советот во такви случаи е да се избегнат остри движења со воланот и стискање на сопирачките. Сите дејствија на возачот треба да бидат мирни, а воланот треба да се држи цврсто.

Ако гумата е многу оштетена, таа во истиот момент има голем пад на притисокот, а развојот на настаните после ова зависи во голем степен и од тоа како возачот го држи воланот во моментот на пукањето. Силниот зафат помага многу за да не се загуби контролата при управувањето.

Пукнатата предна лева гума при возење во најлевата лента без ограда може да се претвори во смртонозен ризик. Истото важи и за задното лево тркало дури и доколку возилото ја задржува линијата на движење. Главно и во двата случаи е дека по секоја цена треба да се навлезе кон внатрешниот дел од патот.

Острото притискање на сопирачките не се препорачува дури и за современите автомобили со ЕSP и други електронски асистенти. Ако патот го дозволува тоа тогаш намалете ја брзината откако ќе ја отпуштите гаста и гледајте да останете на асфалтот.

Денес лесните автомбили и СУВ со внатрешни гуми се вистинска егзотика. Некои возачи монтираат такви, кога надворешната (обично резервната) е толку потрошена, па не може да издржи притисок.

Пукањето на внатрешната гума може да биде исклучително опасно бидејќи таа издишува во миг како балон, а однесувањето на автомобилот се менува остро и возачот нема време за реакција. Има ризик и од распрскување, кај многу потрошените гуми или при контакт со остар предмет на патот, но ова е ретка појава.

Главно, на кое секој возач треба да знае да се снајде во вакви ситуации е да ја зачува ладнокрвноста. Автомобилот, сепак, останува со три здрави гуми, кои се доволни за да го одржат на патот. Мотоциклистите на пример успеваат да го одржат моторот дури и на едно тркало.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK