Како автомобилите стануваа побезбедни низ историјата (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Првото моторно возило од 1886 година не можело да се движи побрзо од 16 километри на час, но само 15-тина години подоцна автомобилите веќе развивале 80 на час. Развојот на безбедносните технологии долго заостануваше зад развојот на моторните возила, а повеќето системи кои се користат и денес за да ги сочуваат животите на патниците и да ги минимизираат повредите во случај на сообраќајна незгода, настанаа дури во втората половина на 20. век.

Првите симулации на судир во Mercedes почнаа да се спроведуваат во 50-тите години на минатиот век, а интересно е дека на почетокот наместо тест-кукли се користеа луѓето. Тоа биле научниците и инженерите кои работеа на развојот на безбедностите системи.

Истиот производител во 1959 година прв конструираше автомобил со таканаречена „зона на гужвање“, на предниот и задниот дел од возилото со што би се амортизирла силата на ударот.

После ова следуваа уште неколку иновации без кои не може да се замисли соверемениот патнички автомобил, како што се сигурносните појаси, воздушните перничиња (претставени во Mercedes во 1981 година), ABS систем кој спречува блокада на тркалата при кочење…

Видеото во кое е прикажан развојот и напредокот на безбедносните системи низ призмата на историјата на Mercedes стартува со интересна демонстрација на возење на репликата на првиот автомобил од 1886 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK