Кај нас крадат германски возила – што сакаат најмногу крадците во Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Во Македонија и земјите од регионот најпримамливи автомобили за крадење се оние од германско потекло. Но кои автомобили најмногу се крадат во Русија?

Статистиката покажува интересен податок – најкраден автомобил во најголемата земја во светот е Hyundai Solaris.

По овој модел следат Kia Rio, Kia Ceed, а на четвртата и петтата позиција се уште и Hyundai Creta и Ford Kuga. На листата се наоѓаат уште и Kia Optima, Toyota RAV4, Hyundai Santa Fe и Hyundai ix35.

Вкрстено со податоците од продажба токму Hyundai Solaris заедно со останатите модели на Kia и Hyundai се и едни од најпродаваните модели во оваа земја, па оттука, очигледно дека крадците во оваа земја не бираат па крадат што им дојде при рака.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK