Каде ќе се паркираат летечките автомобили? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Со оглед на тоа што веќе станува сè поизвесно дека наскоро ќе се појават и летечки автомобили веќе се поставува прашањето каде тие ќе се паркираат. Одговорот на тоа прашање го дава проектор за претстојниот облакодер.

Станува збор за Paramount Miami World Center. Според зборовите на креаторот на зградата, Даниел Коџи, уште отсега треба да се направат подготовки за идните летечки возила бидејќи тие ќе стапат во употреба во многу скоро време.

Зградата, која се очекува да биде завршена на крајот на годината ќе биде со 60 ката и во неа ќе има 500 апартмани. Во специјално дизајнираниот дел до апартманите ќе има место за паркирање на летечките автомобили. Станува збор за мали електрични летачки превозни средства. Погледнете!

Сите со нетрпение го очекуваме времето кога наместо по асфалт возилата ќе се управуваат и во воздух.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK