Каде има најмногу пијани возачи? На првите места се две држави од ех-ЈУ

ОБЈАВЕНО НА:

Roadpol е здружение кое ги обединува сообраќајните полиции на европските земји и ги координира заедничките акции, како што се итни контроли на возачите за присуство на алкохол и дрога во нивните тела.

Неодамна Roadpol организираше една ваква акција во Европа, а резултатите од вонредната контрола на возачите покажуваат дека сообраќајната полиција во Хрватска и Словенија пријавила стапки на возење под дејство од повеќе од 3%, што е највисоко за време на кампањата во Европа. Акцијата била спроведена во Јуни, месец кога денот е најдол, завршува школската година и почнуваат одморите и почесто има дружење меѓу луѓето.

Во паневропската акција на сообраќајната полиција учествуваа 15 земји-членки, а беа контролирани повеќе од 700.000 возачи. Од нив, 12.132 возачи биле под дејство на алкохол (1,71%), а 1.896 (0,27%) биле под дејство на дрога.

Најголем процент на возење под дејство на алкохол е забележан во Хрватска – 683 возачи од 17.670 контролирани (3,87%), потоа Словенија (3,55%) и Србија (2,78%).

На другиот крај на листата се Литванија (0,31%), Шведска (0,35%) и Словачка (0,42%), кои забележаа најмал процент на пијани возачи во текот на кампањата.

Македонија ја нема на листата, бидејќи се уште не е членка на ROADPOL.

Возењето под дејство на алкохол или дрога значително го зголемува ризикот од судир. За жал, нашето секојдневно полициско искуство ја потврдува оваа реалност. Во многу сообраќајки каде што органите на редот реагираат, станува јасно дека возачот бил под влијание, се вели во соопштението на ROADPOL.

„Поединците во возрасната група од 18 до 25 години, со помалку од две години искуство во возење, често нарекувани „млади возачи“, честопати немаат свест за опасностите од возењето наркотици. Многумина не сфаќаат дека дури и малите количества наркотици може да ги направат несоодветни за возење. Дополнително, тие имаат тенденција да ги потценуваат трајните ефекти врз нивната возачка способност, при што некои не препознаваат дека оштетувањето може да продолжи дури и ако лековите биле земени неколку дена пред средбата со извршителите“

Следната операција на ROADPOL за алкохол и дрога се планира да се одржи за време на предбожиќната сезона (16-22 декември 2024 година).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK