Каде би платите 276 евра казна за користење на мобилен додека возите?

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку полицијата е фати да зборувате на мобилен телефон додека управувате возило казната што ќе треба да ја платите е 40 евра. Добро е што навечер нема да можете да зборувате на мобилен со оглед на полицискиот час што е воведен, но секако останува можноста преку ден да бидете видени преку ден. Затоа внимавајте – немојте да зборувате на мобилен додека возите.

Но, што е со казните за истиот прекршок во други земји. Каде би платиле најмногу ако бидете сопрени од полицијата. Највисоката казна е тука на Балканот. Ако користите мобилен телефон додека управувате со моторно возило, а при тоа бидете фатени, тогаш во Романија ќе треба да платите казна од 276 евра. Ова е убедливо највисоката казна за овој прекршок во Европа.

Во Холандија би платиле 230 евра додека со 10 евра помалку би поминале во Велика Бритнија. Во уште една земја казната е над 200 евра. Тоа е Данска каде ќе треба да платите 201 евро. Потоа следуваат: Италија со 160 евра , Шведска 137 евра, Франција 135 евра, Норвешка 113 евра и Малта од 100 евра.

Од друга страна најмала е казната во Грузија од, верувале или не, само 3 евра. Во Албанија изнесува 8 евра, Турција таа изнесува 10 евра додека четири евра повеќе во Украина.

Во земјите од регионот, во Словенија изнесува 120 евра, Србија 85 евра, а во Црна Гора 60 евра. Кај нашиот источен сосед Бугарија, таа изнесува 26 евра, а во Грција 100 евра.

Па сега откао ги знаете казните, и кога ќе бидат дигнати рампите од границите и ќе почнете да патувате внимавајте.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK