Кaбриoлeтитe се побезбедни од возилата со цврст кров?!

ОБЈАВЕНО НА:

Спротивно од масовно распространетото мислење, автомобли без покрив не се така опасни како оние со фиксиран кров. Ова го покажаа резултатите од новата истрага на Институтот за безбедност на патниот сообраќај во САД, IIHS. Нешто повеќе, статистички гледано, кабриолетите се дури и побезбедни.

Истражувањето се заснова на податоци од Националнта служба за безбедност на патиштта (NHTSА) за сообраќајни незгоди со кабриолети на возраст до четири години во периодот до 2014 до 2018 година. Според статистиката автомобилите без покрив учествувале во сообраќајни несреќи 6% поретко на секоја измината милја отколку автомобилите со фиксиран кров. Смртноста била 11% пониска.

Патниците во кабриолетите со цврст кров добиле повреди 10% поретко отколку оние со затворени автомобили. Кај моделите со мек покрив, повредите се околу 3% помалку.

Авторот на истражувањето Ерик Тио, сепак, признава дека недостатокот на таван го зголемува ризикот за да се испадне од автомобилот. Вкупно 21% од загинатите во сообрачајни несреќи со кабриолет возеле со спуштен кров. Кај моделите со цврст покрив овој показател е 17%. Во случај на превртување, ризикот од испаѓање од внатрешноста е 43% кај кабриолетите и 35% кај купе возилата.

Според IIHS имa неколку објаснувања за пониската смртност при сообраќајните несреќи со откриени автомобили. На прво место по правило тие се потешките од автомобилите со затворена каросерија, штоги прави побезбедни. Покрај тоа кабриолетите се поскапи, а сопствениците како целост се склони кон понизок степен на агресивно возење и возат поретко при лоши метеоролошки услови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK