понеделник, 25 декември, 2025 година

Кабриолет изведбата на T-Roc влезе во сериско производство

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

На саемот во Франкфурт свое деби имаше кабриолет изведбата на Volkswagen T-Roc, а сега во Оснабрик започна и производството на овој модел.

Овој модел во целост се темели на основната изведба на T-Roc и MQB платформата.

- Advertisement -

Разликата во однос на основната изведба покрај во покривот се огледа и во меѓуоскиното растојание. Така тоа кај кабрио изведбата е поголемо за 37 мм. Оваа изведба има и поголема структурна цврстина особено кај вратите т.е. страничните панели и рамките од страничните прозори и тоа за потребите на покривот.

Во понудата доаѓа со 1.0 литарски TSI мотор со 115 КС како и 1.5 литарски TSI мотор со 150 КС, двата достапни и со мануелен и со автоматски менувач.

Volkswagen T-Roc Cabrio

Внатрешноста е во целост идентична како и основната изведба каде доминира 8,0 инчниот инфотејнмент систем и 11,7 инчната дигитална инструментална табла.

Продажбата ќе започне кон крајот на зимата, а иако не се соопштува цената, истата треба да се движи во рамките помеѓу 20 и 25 илјади евра.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја