Југослав Милошевски со Corsa им одржа лекција на Косово (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Возачот на АКК „Никола Карев“, Југослав Милошевски го освои седмото место на ридската трка на Косово, во конкуренција на 32 натпреварувачи, но поважно беше што тој настапи со Opel Corsa и имаше подобро време од многумина други што имаа и посилни возила од неговото.

За тројцата возачи на АКК „Никола Карев“, Никола Попевски, Филип Џуклески и Југослав Милошевски ова беше првпат да возат на оваа патека – Пуска, во близина на Призрен.

Во недостаток на домашен шампионат во Македонија, возачите настапуваат надвор од државата. Милошевски имаше време од 5:40,813 мин. од двете возења на 2.800 метри долгата патека. За малку не се пласираше и место погоре, и имаше едно возење подобро од Газменд Гаши со Opel Astra 2.0.

* Резултатит од трката Пуска

Тројцата возачи од Македонија настапија надвор од конкуренција. Никола Попевски со Yugo го освои 19 место со време 5:58,219, додека Филип Џиклески беше 28. со време 6:12.725 мин.

Возачите на АКК „Никола Карев“ годинава возеа трипати на Косово, и еднаш во Кичево. Но, на сите трки настапија надвор од конкуренција, а трката во Кичево беше меѓу домашните клубови.

Погледнете како возеа нашите тркачи во квалификациите за трката.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK