Јубилејна сeрија Golf R20 – ќе се произведува само една година

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе моќ, повеќе динамика, повеќе емоции. Така, Volkswagen ја претстави специјалната јубилејна серија Golf R 20 Years, и веќе се примаат нарачките за моделот чија цена почнува од 59.995 евра во Германија.

Во споредба со „стандардната“ верзија на актуелниот Volkswagen Golf R, специјалната серија Golf R 20 Years, која ќе се произведува само една година, ветува дека на своите идни сопственици ќе им понуди не само ексклузивни и тематски перформанси, туку и зголемување на максимална моќност од 13 КС до конечна бројка од 333 коњски сили.

Volkswagen вели дека Golf R 20 Years го надминува сето она што досега беше означено како Golf. Јубилејниот автомобил може да понуди забрзување од 0 до 100 км/ч. за 4,6 секунди, како и максимална брзина од 250 км/ч. (електронски ограничена и 270 км/ч. како опција).

Дволитарскиот, четирицилиндричен турбополнач Volkswagen Golf R 20 Years доаѓа со интересна карактеристика наречена Emotion Start, која автоматски го форсира моторот на 2500 в/мин кога ќе стартува.

Опремата на Volkswagen Golf R 20 Years, чии први испораки се очекуваат да бидат реализирани кон средината на оваа година, го вклучува пакетот R Performance, кој е надграден со ексклузивни дизајнерски карактеристики, вклучувајќи заден спојлер и 19-инчни алуминиумски тркала Estoril.

За прв пат во историјата на Volkswagen, предниот панел и облогата на вратите добиваат украсни елементи направени од вистински јаглерод

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK