Британскиот производител Mini го прослави производството на 11.000 примерок од електричниот Mini Cooper S E. Станува збор за примерок кои се симна од лентите во фабриката лоцирана во Оксфорд каде производството на овој модел стартуваше минатиот ноември.
Од производителот наведуваат дека ова е повеќе од успешна приказна и дека во наредниот период компанијата ќе продолжи посветено да работи на развој на нови електрични модели.
Оттаму додаваат и дека 3 илјади примероци од досега произведените 11 илјади се дистрибуирани на домашниот, британски пазар.
https://youtu.be/iiZTQ7cY77s
Инаку овој модел располага со моќност од 184 КС и 270 Nm, додека автономијата со едно полнење на батеријата изнесува околу 250 км.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]