Јубилеј од револуцијата на Bosch: Полoвина век електронско вбризгување на гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Проектот на фирмата Bosch се развивал во најголема тајност. Ниту еден купувач во автомобилската индустрија не можел да дознае за револуционерната технологија на која работеле инженерите во Bosch, а проектот почнал уште во 1959 година.

Пред точно 50 години, кога електроскиот систем за вбризгување беше нешто незамисливо во автомобилската индустрија, Bosch направи чекор напред и успеа да го претстави новиот систем кој даваше помала потрошувачка и поголема сила. Тоа беше причина да се зголеми вредноста на возилата за дополнителни десет проценти, а беше потребно и време за истиот да биде и официјално презентиран.

Проектот на фирмата Bosch се развивал во најголема тајност. Ниту еден купувач во автомобилската индустрија не можел да дознае за револуционерната технологија на која работеле инженерите во Bosch, а проектот почнал уште во 1959 година кога било купено првото тест возило. Тоа било под контрола на фирмата, а биле извршени одредени преправки за да може тоа возило да биде вклучено во најтајниот проект: „електронско управувано вбризгување на бензин“.

Пред сервисирањето на возилото секој пат на возилото бил враќан оригиналниот карбуратор, за да немало сомнежни кај производителот на автомобилот дека во Bosch се работи на нешто. Сега почесниот претсдател на Bosch групацијата, Херман Шол се присетува што се случувало во годините кога се вршело тестирањето.

„Кога го претставивме системот во 1964 година, нашиот купувач Volkswagen првобитно беше скептичен исто како и другите произведувачи на автомобили, кога се обидовме да ги увериме во вредноста на нашиот револуционерен систем на вбризгување. Сепак, произведувачите мораа да прифатат одреден ризик бидејќи системот беше далеку пред своето време“, вели Шол.

На 14 септември во 1967 година Bosch го претстави електронски управуваниот „Џетроник“ на Меѓунарoдниот автосалон во Франкфурт. Истата година системот беше претставен и во Северна Америка и тоа за новите модели на Volkswagen, а новите ригорозни закони за емисијата на штетни гасови го барале ваквиот нов тип на возила.

На почетокот многу мал број на купувачи го порачувале овој автомобил со новата технолија, но произведувачите брзо забележале две клучни предности на системот „Џетроник“. Тоа се помалата потрошувачка на бензин и потенцијалот за зголемување на перформансот на моторот.
Затоа BMW, Citroen, Jaguar, Lancia, Mercedes Benz, Opel, Renault, Saab и Volvo од 1969 година почнуваат со применувањето на технологијата на Бош на најскапите модели на автомобили кои ги произведуваат.

На крајот електрониката победи во подготовката на смесата воздух-гориво, а само електрониката можеше да постигне значително смалување на потрошувачка и емисија на штетни гасови, па беше подготвен терен за нови стандарди во кои Bosch одново учествуваше, а се работеше за АБС и ЕСП системите, системите за воздушни перничиња, како и многу други системи во автомобилската индустрија кои се користат и денес.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK