Јубилеј на Toyota: 30 милиони произведени автомобили во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota забележа голем јубилеј – произведени 30 милиони автомобили во фабриките ширум САД. Се започна во далечната 1986 година кога економските рестрикции во САД беа значително намалени поради што Toyota започна да произведува автомобили во фабрики во 100% своја сопственост.

Очекувано, првиот автомобил кој започна да го произведува во САД беше Corolla кој со генерации е еден од најпопуларните автомобили во својот сегмент. Јубилејниот примерок е од моделот Sienna произведен во фабриката во Принстон, Индијана. Инаку овој модел во целост е развиен територијата на САД.

Дека за Toyota американскиот пазар е и тоа како важен покажуваат и продажните бројки. Така минатата година и покрај кризата од коронавирусот, во САД, Toyota успеа да продаде 1.837.885 нови возила. Најмногу продаде во 2007 година и тоа 2.161.467 возила што претставува пазарен удел од високи 13,38%.

Најголем дел од овие продадени возила се произведуваат во 10-те фабрики кои Toyota ги поседува на територијата на САД, а заедно со фабриките во Мексико и Канада,јапонскиот производител поседува 14 фабрики.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK