Jeep Wrangler во верзија со шест тркала (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Да се додадат уште две тркала на нормално СУВ возило и истото да работи сосема нормално не е лесна работа. Ваква идеја беше испробана од страна на неколку тјунинзи по светот, а на ред се и од американскиот Bruiser Conversions од Флорира да се решат на ваков чекор.

Добиено е доста повпечатливо оff-road возило на база на Jeep Wrangler со мотор V-8 под капакот. Тој силно модифициран JK Wrangler беше покажан првпат на изложбата на тјунинзи и оригинални автомобили SEMA во Вегас на крајот од минатата година.

За база на развој на возилото послужила варијантата на моделот со четири врати. Машината е продолжена назад заради добивање на потребно место за дополнителната оска. И двете задни оски се преработени девет цолови на Ford, комплетирани со диференцијали.

Моќта на моторот се претвора таму каде е најпотребна со помош на Atlas Twin Stick. Практично автомобилот е создаден од мајсторите за тјунинг возила за да се направи популаризација на специјално направениот од нив комплет за конверзија LS3 пред сопствениците на Jeep.

Со него Wrangler располага со моќност од 450 коњски сили. На возилот се монтирани и шест гуми од 40 инчи на бандажи од 17 цола.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK