Jeep во јули годинава го претстави концептот Wrangler Rubicon 392. По неколку месеци американскиот производител и официјално ја претстави сериската верзија од оваа изведба.
Покрај благите екстерни измени меѓу кои највпечатлив е натписот “Rubicon” на предниот дел, она што е најимпресивно е моторот. Така под хаубата доаѓа со 6,4 литарски V8 мотор кој продуцира максимални 470 КС при 640 Nm обртни моменти.
Wrangler Rubicon 392
Овој мотор доаѓа во пар со осум степен автоматски менувач. При тоа, според техничките карактеристики до стотка забрзува за 4,5 секунди.
https://youtu.be/btXXI3NdFa0
Од останатото, оваа изведба доаѓа со погон на сите четири тркала, нов издувен систем, зголемен клиренс, Fox амортизација, 17 инчни тркала, хауба со вентилационен отвор, модификуван преден грил, а во внатрешноста со нова инструментална табла и кожни седишта.
Продажбата на оваа изведба стартува следната година, а цената ќе биде објавена дополнително.