Jееp го претстави електричниот Wrаnglеr со механичка трансмисија

ОБЈАВЕНО НА:

Пред неколку недели беше најавено дека компанијата од САД планира да претстави концепт за електричниот Jееp и тоа е веќе факт. Секој посетител на традиционалното велигденско Jееp Caфaри ќе може да го разгледа одблизу новиот офроуд на струја.

Jееp Mаgnеtо ја споделува основата со последната генерација на Wrаnglеr, располага со над 5 cm повисока суспензија и 35 инчи А/T гуми. Слично како кај бензинската верзија, така и кај оваа на струја, може да „гази“ во вода со длабочина од над 75cm.

Од гледна точка на погонот, концептот нуди електромотор со моќност од 285 коњски сили и максимален вртежен момент од 370 њутн метри. Најинтересно е присуството на механички менувач со шест степени на пренос што е нетрадиционално кај автомобилите на струја.

Батеријата е со големина од 70 кВч и e поделена на четири одделни модули за подобар баланс на тежината. Може да се најде еден во предниот дел, еден во задниот, како и по два од секоја страна на Jееp.

Засега не се споменува ништо повеќе од километража при различни услови или продолжување на полнењето бидеји се знае дека тоа таа ќе располага со 800 волтна технологија, додека за да се дојде од 0 до 100 км/ч ќе бидат потребни седум секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK