Jeep со две промоции на саемот во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Jeep ветуваат дека ќе ги израдуваат посетителите на саемот во Женева со две промоции за регионот EMEA (Europe, Middle East, Africa), но и со старт на продажната на најмоќното возило кое е досега понудено на пазарот, како и со специјалната серија Compass “Night Eagle” и со последните новитети околу моделите Renegade и Grand Cherokee.

Првпат пред широката публика во Европа на штандот на Jeep на автомобилскиот форум ќе бидат претставени новата генерација на класиката Wrangler и верзијата 2019 година на Cherokee, додека Grand Cherokee Trackhawk со своите 700 коњски сили ќе има регионално деби.

Новата генерација на Wrangler е сметана како најспособното SUV возило на сите времиња и велат дека автомобилот е изработен на база на својата легендарна историја, но во непобедлива комбинација на офроуд можности, автентичен Jeep дизајн, слободата на отвореното купе, врвната динамика на и надвор од патот и ред други иновациски системи и технологии за зголемување на безбедноста.

Од Jeep не ги коментираат деталите за европската верзија на новиот Wrangler, но веројатно тој ќе биде во понуда со инфо-комуникациската борд и мултумедиски систем Uconnect со 5, 7, или 8,4 инчен екран чувствителен на допир, габа бензиски и дизелови мотори, вклучувајќи и нов дволитарски четирицилиндричен турбоагрегат, но и нов осумстепен менувач.

Grand Cherokee Trackhawk за Европа располага со 6,2 литарски, V-8 мотор, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 700 коњски сили и максимален вртежен момент од 868 Нм. Бруталната моќн на СУВ моделот е доволен да биде во состојба да забрза од 0 до 96 км/ч за 3,5 секунди и да развие максимални 290 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK