Jeep Cherokee остана без една ѕвезда на краш тест

ОБЈАВЕНО НА:

Новите модели стануваат се посигурни, па овие краш тестови што ги спроведува Euro NCAP стануваат рутина. Но, сепак некои модели имаат проблем да бидат „одлични“.

Jeep Cherokee не успеа да се здобие со максимални 5 ѕвезди на краш тестот спроведен од Euro NCAP. Овој SUV со стандардно ниво на опременост освои само четири ѕвезди со што е далеку зад директните конкуренти.

Најдобар резултат оствари во однос на безбедноста на возачот и тоа од 80%. Во однос на безбедноста на децата оствари скор од 78%, а во поглед на безбедносната асистенција освои 69%. Најлошо помина во поглед на безбедноста на пешаците каде оствари скор од 56%.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK