JE DESIGN со втора фаза за Cupra Ateca (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Експерт од областа за доработување на автомобилите SEAT- JE DESIGN, откри детали за втората фаза од програмата за спортската Cupra Ateca. Втората еволуција на автомобилот – Widebody Evolution, доаѓа со нови 20-инчни алуминиумски бандажи, оптимизирана спортска суспензија, доработена погонска единица и сертифициран челичен издувен систем со активен звучен вентил.

Widebody надворешниот пакет на JE DESIGN е дизајниран за сите претставници на Seat Ateca, а неговата Evolution верзија е дизајнирана специјално за претставниците на спортската Cupra Ateca. Последната доаѓа со нови и поголеми веѓи на калниците, нов и поагресивен браник и 20-инчни Spyder алуминиумски бандажи со Continental Sport Contact 6 гуми, а со интегрирањето на нови федери, спортскиот модел се доближува кон земјата со дополнителни три сантиметри.

Во однос на погонот, Widebody Evolution пакетот предвидува дополнителен управувачки модил, при чие интегрирање максималната моќност на дволитарскиот мотор се зголемува од 300 на 360 коњски сили, а максималниот вртежен момент од 400 на 450 Нм.

Конечниот резултат од работата на екипата на JE DESIGN е автомобил, кој нуди максимална брзина од 247 км/ч. До 100 км/ч се доаѓа за само 4,8 секунди.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK