JD Power: Автомобилите од 2022 година се со значително понизок квалитет

ОБЈАВЕНО НА:

Според JD Power квалитетот на новите автомобили оваа година паднал за цели 11 %. Главните причини се недостигот на полупроводници, недостигот на персонал, како и нарушувањето на логистиката во глобалната трговија со автомобили.

Во 2022 година, повеќе од 84.000 сопственици на автомобили учествувале во истражувањето. На листата на најдобри водат американските компании Buick (139 проблеми на 100 продадени автомобили), Dodge (143) и Chevrolet (147), додека Maserati (255), Volvo (256) и Chrysler (265) најмалку им се допаѓаат на купувачите.

Резултатите од анализираниот примерокот од 2022 година покажаа дека проблемите за кои станува збор со новите автомобили достигнаа највисоко ниво на сите времиња во 36-годишната историја на ова истражување.

https://www.jdpower.com/business/press-releases/2022-us-initial-quality-study-iqs

Оценката за квалитет на JD Power се заснова на анкети на купувачи на нови автомобили или наемачи на автомобил од тековната моделска година кои возат ново купени возила во првите 90 дена. Оценката ја зема предвид доверливоста на автомобилите, нивната привлечност во однос на карактеристиките и нивоата на опрема.

JD Power забележува дека само 9 од 33 марки успеале да го подобрат квалитетот на своите автомобили во последната година. Најмногу поплаки има за системите Android Auto и Apple CarPlay. Болната точка за повеќето производители на автомобили ширум светот е инфозабавата и мобилните апликации. Најголем број идентификувани проблеми се поврзани со Android Auto и Apple CarPlay.

Потсетуваме дека станува збор за програми со кои можете да го поврзете вашиот паметен телефон со екранот на автомобилот и да пристапите до апликациите, медиумската библиотека, списокот со контакти и други податоци на вградениот уред. Технологиите ви дозволуваат да отворате мапи со вграден навигатор. Скоро секој голем производител на автомобили на планетата ги користи, со исклучок на Tesla, кој користи сопствен прелистувач.

За Tesla, која годинава се најде на дното на рејтингот со ист показател за квалитет како и јапонскиот Mitsubishi, „Ахиловата пета“ стана слаб квалитет на бојадисување на деловите од шасијата. Во исто време, купувачите немаа поплаки за работата на мобилната апликација или инфозабавниот центар.

Електричниот новодојденец Polestar имаше разочарувачко деби, при што шведската марка заврши на последното место на листата со 328 пријавени проблеми на 100 нови продадени или изнајмени возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK